Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Пазар на труд
Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, ноември 2010
петок, 28 јануари 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-
плата по вработен, во ноември 2010 година, во однос на ноември 2009 година, изнесува 103.6
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и
предмети за лична употреба и за домаќинствата (7.8%), Финансиско посредување (6.3%) и Преработувачка
индустрија (6.2%).
Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележан во секторите: Рибарство (15.6%), Финансиско посредување (4.6%) и Други комунални, културни,
општи и лични услужни активности (1.2%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2010 изнесува 20 633 денари.
Во ноември 2010 година, 1.9% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 835
е-пошта:
sevdie.ramuko@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика