Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Пазар на труд
Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, март 2011
петок, 27 мај 2011
Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, ја примени новата Национална класификација
на дејностите (НКД Рев.2) за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатената
нето - плата.
Месечните индекси на просечната исплатена нето-плата по вработен за 2010 година се преработени според
новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-
плата по вработен, во март 2011 година, во однос на март 2010 година, изнесува 101.2
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Други услужни дејности (19.8%), Уметност, забава и рекреација (7.9%) и Информации
и комуникации (5.6%).
Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец,
е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли
(7.3%), Градежништво (4.2%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (4.2%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2011 изнесува 20 585 денари.
Во март 2011 година, 1.9% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 835
е-пошта:
sevdie.ramuko@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика