Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Пазар на труд
Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, април 2011 г.
вторник, 28 јуни 2011
Во почетокот на оваа година, Државниот завод за статистика ја примени новата Национална класификација
на дејностите (НКД Рев.2) за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена
нето-плата.
Месечните индекси на просечната исплатена нето-плата по вработен за 2010 година се преработени според
новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-
плата по вработен, во април 2011 година, во однос на април 2010 година, изнесува 100.3.
Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен во секторите: Други услужни дејности (26.4%), Информации и комуникации (16.2%) и Стручни,
научни и технички дејности (11.7%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец,
е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (2.9%), Трговија на големо и
трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.4%) и Преработувачка индустрија (2.1%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2011 изнесува 20 519 денари.
Во април 2011 година, 2.0% од вработените во Република Македонија не зеле плата.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 835
е-пошта:
sevdie.ramuko@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика