Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јули 2011 година

вторник, 27 септември 2011


Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година ја примени новата Национална класификацијана дејностите (НКД Рев.2) за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатената нето - плата.
Месечните индекси на просечната исплатена нето-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во јули 2011 година, во однос на јули 2010 година, изнесува 102.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (41.4%), Транспорт и складирање (13.0%) и Стручни, научни и технички дејности (12.4%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (31.1%), Рударство и вадење на камен (4.8%) и Административни и помошни услужни дејности (4.7%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2011 изнесува 20 813 денари.
Во јули 2011 година, 2.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика