Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2) за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатената нето - плата.
Месечните индекси на просечната исплатена нето-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, изнесува 100.5
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (14.3%), Уметност, забава и рекреација (6.0%) и Стручни, научни и технички дејности (5.2%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (6.2%), Други услужни дејности (5.8%) и Дејности во врска со недвижен имот (4.7%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2011, изнесува 20 659 денари.
Во септември 2011 година, 2.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.