Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, ноември 2011 г.

петок, 27 јануари 2012


Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година ја примени новата Национална класификација
на дејностите (НКД Рев.2) за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатената нето
- плата.
Месечните индекси на просечната исплатена нето-плата по вработен за 2010 година се преработени според
новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во ноември 2011 година, во однос на ноември 2010 година, изнесува 101.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (10.1%), Уметност, забава и рекреација (9.6%) и
Финансиски дејност и дејности на осигурување (7.1%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (4.1%), Дејности на здравствена и социјална
заштита (3.5%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.1%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2011, изнесува 20 834 денари.
Во ноември 2011 година, 2.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика