Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во април 2012 година, во однос на април 2011 година, изнесува 101.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (10.1%), Дејности во врска со недвижен имот
(6.2%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (6.2%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Информации и комуникации (35.0%), Стручни, научни и технички дејности (5.5%) и
Административни и помошни услужни дејности (4.3%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2012, изнесува 20 743 денари.
Во април 2012 година, 2.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.