Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во јуни 2012 година, во однос на јуни 2011 година, изнесува 97.8.
Ваквото намалување се должи, пред сé, на намалувањето на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен во секторите: Информации и комуникации (33.3%), Уметност, забава и рекреација (9.9%) и
Административни и помошни услужни дејности (7.3%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.3%), Градежништво (4.0%) и Уметност, забава и
рекреација (2.6%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2012, изнесува 20 651 денари.
Во јуни 2012 година, 2.1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.