Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во август 2013 година, во однос на август 2012 година, изнесува 100.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Tранспорт и складирање (6.7%), Рударство и вадење на камен (6.6%) и Други услужни
дејности (6.6%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности
за санација на околината (4.9%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.4%) и
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2.3%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2013 изнесува 30 990 денари.
Во август 2013 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.