Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2010 г., во однос на април 2009 г., намалена за 0.2%

понеделник, 28 јуни 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен во април 2010 година, во однос на април 2009 година, изнесува 99.8.

Ваквото намалување се должи, пред сé, на намалувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Хотели и ресторани (8.8%),Сообраќај, складирање и врски (6.9%) и Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности (6.8%).

Најголем пораст на просечната исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Рибарство (8.3%), Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности (5.4%) и Градежништво (3.3%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2010 г. изнесува 30 081 денари.

Во април 2010 година, 3.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика