Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, септември 2010 г

петок, 26 ноември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, изнесува 100.9.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (5.5%), Рударство и вадење на камен (5.0%) и Рибарство (4.7%).

Зголемување на просечната исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други комунални, културни, општи и лични услужни активности (2.2%), Здравство и социјална работа (1.8%) и Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности (1.5%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2010 изнесува 30 263 денари. Во септември 2010 година, 2.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика