Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јануари 2014

петок, 28 март 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, изнесува 100.5.


Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Транспорт и складирање (8.2%), Градежништво (4.2%) и Финансиски дејности и дејности
на осигурување (3.6%).


Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Други услужни дејности (7.0%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на
моторни возила и мотоцикли (4.0%) и Административни и помошни услужни дејности (2.8%).


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2014 изнесува 31 236 денари.


Во јануари 2014 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика