Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, ноември 2021 година

петок, 21 јануари 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, изнесува 105.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен
во секторите: Стручни, научни и технички дејности (13.6 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна
(11.8 %) и Информации и комуникации (11.6 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (3.9 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа
и климатизација (3.7 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.9 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесува 43 509 денари.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика