Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јануари 2022 година

среда, 23 март 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, изнесува 106.1.
 
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен
во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (14.2 %), Други услужни дејности (14.0 %) и Трговија
на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (10.7 %).
 
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (7.6 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (6.7 %) и
Други услужни дејности (5.0 %).
 
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2022 година, изнесува 44 762 денари.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика