Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, август 2023 година

петок, 20 октомври 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2023 година, во однос на август 2022 година, изнесува 114.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21.8 %), Образование (18.0 %) и Градежништво (17.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3.8 %), Административни и помошни услужни дејности (3.4 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна  (2.4 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2023 година, изнесува 54 595 денари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика