Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, изнесува 116.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен
во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (26.1 %), Јавна управа и одбрана;
задолжително социјално осигурување (25.4 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со
отпад и дејности за санација на околината (21.1 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11.9 %), Образование
(11.2 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (9.3 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2023 година, изнесува 56 896 денари.