Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, изнесува 116.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен
во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22.2 %), Јавна управа и одбрана;
задолжително социјално осигурување (21.7 %) и Образование (20.9 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна
(7.2 %) и Преработувачка индустрија (6.1 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2024 година, изнесува 60 803 денари.