Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, април 2024 година

четврток, 20 јуни 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, изнесува 113.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Образование (22.2%), Земјоделство, шумарство и рибарство (19.0%) и Јавна управа и одбрана;
задолжително социјално осигурување (17.7%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (6.4%), Транспорт и складирање (5.0%) и Информации
и комуникации (4.8%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2024 година, изнесува 61 703 денари.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика