Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, изнесува 113.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен
во секторите: Образование (20.0 %), Уметност, забава и рекреација (19.8 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително
социјално осигурување (16.5 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.8 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна
(4.6 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.4 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во мај 2024 година, изнесува 62 032 денари.