Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, изнесува 115.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен
во секторите: : Финансиски дејности и дејности на осигурување (24.9%), Административни и помошни услужни
дејности (24.0%) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (19.9%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21.0%), Трговија на големо и трговија на
мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.0%) и Административни и помошни услужни дејности (4.4%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни 2024 година, изнесува 62 964 денари.