Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, изнесува 104.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (20.5%), Други услужни дејности (11.9%) и Рударство и
вадење на камен (8.3%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (7.1%), Стручни,
научни и технички дејности (5.4%) и Дејности во врска со недвижен имот (4.7%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2015 изнесува 32 309 денари.
Во јуни 2015 година, 1.9% од вработените во Република Македонија не примиле плата.