Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, февруари 2016

петок, 22 април 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, изнесува 103.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Градежништво (16.0%), Земјоделство, шумарство и рибарство (11.1%) и Административни
и помошни услужни дејности (10.7%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец,
е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (8.1%), Трговија на големо и трговија на
мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.7%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и
климатизација (6.6%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2016 изнесува 32 074 денари.
Во февруари 2016 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика