Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јануари 2017

петок, 24 март 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, изнесува 102.4


Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Информации и комуникации (9.2%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално
осигурување (5.0%) и Административни и помошни услужни дејности (4.7%).


Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (27.5%), Информации и комуникации (11.8%) и
Градежништво (11.7%).


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2017 изнесува 33 441 денари.
Во јануари 2017 година, 1.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика