Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, март 2017 година

понеделник, 22 мај 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во март 2017 година, во однос на март 2016 година, изнесува 101.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (7.6 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување
(7.2 %) и Уметност, забава и рекреација (6.4 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување
(5.8%) и Информации и комуникации (5.2 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2017 изнесува 32 999 денари.
Во март 2017 година, 1.3 % од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика