Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, изнесува 104.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (26.3%), Преработувачка индустрија (10.2%) и Рударство
и вадење на камен (9.0%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (13.8%), Други услужни дејности (4.1%) и Земјоделство,
шумарство и рибарство (4.0%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2017 изнесува 34 127 денари.
Во септември 2017 година, 1.0% од вработените во Република Македонија не зеле плата.