Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, изнесува 103.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (23.6%), Рударство и вадење на камен (10.7%) и
Преработувачка индустрија (8.1%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (4.8%), Транспорт и складирање (3.2%) и Снабдување
со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.1%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2017 изнесува 34 266 денари.
Во октомври 2017 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не зеле плата.