Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јануари 2018 година

петок, 23 март 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен, во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, изнесува 105.3
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (30.1%), Рударство и вадење на камен (19.5%) и Преработувачка
индустрија (12.3%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (24.8%), Рударство и вадење на камен (9.2%) и Снабдување
со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6.4%).
Просечната исплатена бруто-плата по вработен за тримесечјето (ноември, декември 2017 година и јануари 2018 година)
изнесува 34 783 денари.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2018 изнесува 35 225 денари.
Од јануари 2018 година Државниот завод за статистика го промени досегашниот начин на прибирање податоци
за плати (хартиени обрасци со податоци чиј извор беа деловните субјекти) и премина кон користење податоци од
административен извор - Управата за јавни приходи. Промената е направена со цел да се намали оптовареноста
на извештајните единици и да се подобри квалитетот на податоците.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика