Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, декември 2010 г

понеделник, 28 февруари 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен во декември 2010 година, во однос на декември 2009 година, изнесува 102.7.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (19.3%), Рибарство (10.4%) и Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (9.1%).

Зголемување на просечната исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Сообраќај, складирање и врски (23.5%), Рударство и вадење на камен (12.0%) и Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности (9.9%).

Просеч ната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2010 изнесува 31 435 денари.

Во декември 2010 година, 2.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика