Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, ноември 2010

петок, 28 јануари 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто- плата по вработен во ноември 2010 година, во однос на ноември 2009 година, изнесува 101.7.

Ваквото зголемување, пред сé, е резултат на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (5.3%), Преработувачка индустрија (5.0%) и Рибарство (4.9%).

Зголемување на просечната исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рибарство (10.9%), Финансиско посредување (4.1%) и Градежништво (1.3%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2010 изнесува 30 349 денари.

Во ноември 2010 година, 1.9% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика