Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Пазар на труд
Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен,
февруари 2011
среда, 27 април 2011
Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, ја примени новата Национална класификација
на дејностите (НКД Рев.2). за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена
бруто-плата.
Месечните индекси на просечната исплатена бруто-плата по вработен за 2010 година се преработени според
новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата
по вработен, во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, изнесува 100.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен во секторите: Други услужни дејности (19.4%), Рударство и вадење на камен (13.6%) и Уметност,
забава и рекреација (8.9%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец,
е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (15.3%), Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација (8.2%) и Транспорт и складирање (4.8%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2011 изнесуваше 30 032 денари.
Во февруари 2011 година, 2.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 635
е-пошта:
jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика