Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, март 2011

петок, 27 мај 2011


Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена бруто-плата.

Месечните индекси на просечната исплатена бруто-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто- плата по вработен, во март 2011 година, во однос на март 2010 година, изнесува 100.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто- плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (19.7%), Уметност, забава и рекреација (7.6%) и Информации и комуникации (5.6%).

Најголем пораст на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.8%), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.4%) и Градежништво (3.9%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2011 изнесува 30 216 денари.

Во март 2011 година, 1.9% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика