Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, април 2011 година

вторник, 28 јуни 2011


Во почетокот на оваа година, Државниот завод за статистика ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев. 2). за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена бруто-плата.

Месечните индекси на просечната исплатена бруто-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев. 2).

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто- плата по вработен, во април 2011 година, во однос на април 2010 година, изнесува 100.3.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (25.9%), Информации и комуникации (15.9%) и Стручни, научни и технички дејности (12.2%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (2.6%), Преработувачка индустрија (1.9%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (1.6%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2011 изнесува 30 172 денари.

Во април 2011 година, 2.0% од вработените во Република Македонија не зеле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика