Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена бруто-плата.
Месечните индекси на просечната исплатена бруто-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен, во мај 2011 година, во однос на мај 2010 година, изнесува 100.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (26.6%), Градежништво (7.2%) и Информации и комуникации (7.0%).
Најголем пораст на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Информации и комуникации (11.1%), Градежништво (4.7%) и Преработувачка индустрија (4.2%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2011 изнесува 30 736 денари.
Во мај 2011 година, 2.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.