Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, ја примени новата Национална класификацијана дејностите (НКД Рев.2). за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена бруто-плата.
Месечните индекси на просечната исплатена бруто-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен, во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, изнесува 103.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (49.2%), Други услужни дејности (25.3%) и Уметност, забава и рекреација (7.7%).
Најголем пораст на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Информации и комуникации (23.9%), Административни и помошни услужни дејности (3.1%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (0.8%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2011 изнесува 30 990 денари.
Во јуни 2011 година, 2.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.