Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена бруто-плата.
Месечните индекси на просечната исплатена бруто-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен, во август 2011 година, во однос на август 2010 година, изнесува 101.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (23.7%), Стручни, научни и технички дејности (8.9%) и Уметност, забава и рекреација (8.6%).
Најголем пораст на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Рударство и вадење на камен (10.0%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.5%) и Дејности во врска со недвижен имот (3.3%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2011 изнесува 30 715 денари.
Во август 2011 година, 3.1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.