Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен, во април 2012 година, во однос на април 2011 година, изнесува 100.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен
во секторите: Стручни, научни и технички дејности (8.7%), Дејности во врска со недвижен имот (5.8%) и Земјоделство,
шумарство и рибарство (5.3%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Информации и комуникации (32.5%), Административни и помошни услужни дејности (4.7%) и Стручни,
научни и технички дејности (4.4%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2012 изнесува 30 444 денари.
Во април 2012 година, 2.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.