Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во септември 2022
година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 22.5 %, а кај аутпутот се бележи
зголемување од 9.7 %.
Во септември 2022 година, во споредба со септември 2021 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени
средства во земјоделството) изнесува 123.3, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во
земјоделството) изнесува 110.7.
Во делот аутпут, во септември 2022 година, во споредба со септември 2021 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 105.8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 119.6.