Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во февруари 2023
година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 8.2 %, а кај аутпутот се бележи
зголемување од 11.5 %.
Во февруари 2023 година, во споредба со февруари 2022 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени
средства во земјоделството) изнесува 108.2, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во
земјоделството) изнесува 107.6.
Во делот аутпут, во февруари 2023 година, во споредба со февруари 2022 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 108.9, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 122.3.