Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во септември 2023
година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 2.4 %, а кај аутпутот се бележи
зголемување од 9.2 %.
Во септември 2023 година, во споредба со септември 2022 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени
средства во земјоделството) изнесува 97.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во
земјоделството) изнесува 107.6.
Во делот аутпут, во септември 2023 година, во споредба со септември 2022 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 109.4, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 108.9.