Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во октомври 2023
година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4.2 %, а кај аутпутот се бележи
зголемување од 6.0 %.
Во октомври 2023 година, во споредба со октомври 2022 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени
средства во земјоделството) изнесува 95.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во
земјоделството) изнесува 107.2.
Во делот аутпут, во октомври 2023 година, во споредба со октомври 2022 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 105.3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 107.9.