Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во декември 2023
година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 1.8 %, а кај аутпутот се бележи
зголемување од 3.8 %.
Во декември 2023 година, во споредба со декември 2022 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени
средства во земјоделството) изнесува 97.8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во
земјоделството) изнесува 105.6.
Во делот аутпут, во декември 2023 година, во споредба со декември 2022 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 102.9, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 106.2.