Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во ноември 2024 година,
во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 0.1 %, а кај аутпутот е зголемен за 18.0 %.
Во ноември 2024 година, во споредба со ноември 2023 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени
средства во земјоделството) изнесува 99.8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во
земјоделството) изнесува 104.8.
Во делот аутпут, во ноември 2024 година, во споредба со ноември 2023 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 120.2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 110.8.