Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Откуп и продажба на земјоделски производи, четврто тримесечје од 2015

вторник, 16 февруари 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2015 година откупот и продажбата на
земјоделски производи се зголемени за 7.9% во однос на истиот период од претходната година.


Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14.4%, а кај
продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 1.2%.


Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските и градинарските
растенија, добитокот, живината и јајцата, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: житата,
фуражните растенија, овошјето и грозјето, алкохолните пијалаци и млекото.


Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во октомври
и декември, додека во ноември е забележано опаѓање.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 846

е-пошта:  ljupco.madzirov@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика