Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Цени
Откуп и продажба на земјоделски производи, прво тримесечје од 2016
петок, 13 мај 2016
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2016 година откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 14.6% во однос на истиот период од претходната година.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 20.8%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 25.8%.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: житата и индустриските растенија.
Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во јануари и март, додека во февруари е забележано опаѓање.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика