Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Откуп и продажба на земјоделски производи во септември 2010 година

понеделник, 08 ноември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп на земјоделски производи во септември 2010 година изнесува 591 114 илјади денари и е намалена за 12.8% во споредба со септември 2009 година.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 18.9%, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 7.8%.

Зголемување на вредноста на вкупниот откуп е забележано кај житата, градинарските растенија, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и рибата, а намалување на вредноста на вкупниот откуп е забележано кај индустриските и фуражните растенија, овошјето и грозјето, млекото, млечните производи и кожата и волната.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 846

е-пошта:  ljupco.madzirov@stat.gov 
  




© Државен завод за статистика