Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Цени
Откуп и продажба на земјоделски производи,
четврто тримесечје од 2017 година
четврток, 15 февруари 2018
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2017 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 3.9% во однос на истиот период од претходната година. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 6.2%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 31.7%. Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: житата, индустриските растенија, фуражните растенија, грозјето и млекото. Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува намалување во октомври и во декември, додека во ноември е забележано зголемување.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика