Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Откуп и продажба на земјоделски производи, второ тримесечје од 2018 година

среда, 15 август 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2018 година, откупот и продажбата на
земјоделски производи се намалени за 4.4% во однос на истиот период од претходната година.
Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14.0%, а кај продажбата
на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 16.5%.
Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските растенија, овошјето,
добитокот, живината и јајцата и млекото, а намалување е забележано кај: житата, градинарските растенија, фуражните растенија,
алкохолните пијалаци, млечните производи и рибата.
Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува намалување во април и
мај, додека во јуни е забележано зголемување на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика