Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Вкупен откуп и продажба на земјоделски производи, февруари 2011

понеделник, 11 април 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во февруари 2011 година изнесува 1 613 460 илјади денари што претставува зголемување за 191.6% во споредба со февруари 2010 година.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители во февруари 2011, во споредба со февруари 2010, е зголемена за 357.3%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 8.1%.

Зголемување на вредноста на вкупниот откуп е забележано кај житата, индустриските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, млекото, млечните производи и рибата, додека намалување е забележано кај градинарските и фуражните растенија и живината и јајцата.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 846

е-пошта:  ljupco.madzirov@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика