Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Вкупен откуп и продажба на земјоделски производи, септември 2011

среда, 09 ноември 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во септември 2011 година изнесува 737 320 илјади денари што претставува зголемување за 24.7% во однос на септември 2010 година.
 
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 50.4%, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е зголемена за 6.1%.
 
Зголемување на вредноста на вкупниот откуп и на продажбата е забележено кај индустриските и градинарските растенија, овошјето и грозјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото и млечните производи, додека намалување е забележано кај житата, фуражните растенија, добитокот и рибата.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 846

е-пошта:  ljupco.madzirov@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика