Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Шумарство


Производство и продажба на шумски сортименти, сеча на дрва и услуги во шумарството, второ тримесечје од 2020 година

понеделник, 10 август 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2020 година, во однос на второто тримесечје од 2019 година, е намалено за 5.0 %.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови.

Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 128 775 м3 и бележи зголемување за 3.9 %.
 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика